Македонија лидер во регионот во е-набавките

Bez autora
Oct 26 2011

Република Македонија е лидер во регионот во електронските јавни набавки и аукции. Придобивките од нивното воведување се големи, почнувајќи од зголемувањето на транспарентноста, конкуренцијата, економичноста и ефикасноста, па до заштедата во средства, време и човечки ресурси. Ова на конференцијата за Твиниг проектот "Поддршка на системот за јавни набавки", што од вчера почна да се спроведува го изјави директорката на Бирото за јавни набавки, Маре Богева Мицовска која нагласи дека Македонија на полето на јавни набавки забележува значаен напредок во последниот Извештај на ЕК за напредокот на земјава. Иако нашата регулатива е оценета одлично и е во согласност со добрата меѓународна пракса, сепак во делот на усогласувањето со правната рамка на ЕУ ни престои уште работа. Капацитетите на Бирото за јавни набавки во наредните 16 месеци ќе се подобруваат со европски пари во износ од милион евра. Најдобрите европски практики на полето на јавните набавки ќе му ги пренесува германското Сојузно министерство за економија и технологија. За вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, фокусот ќе биде ставен на засилувањето на системот на правна заштита во постапките за доделување на договорите за јавна набавка...

Македонија лидер во регионот во е-набавкитеРепублика Македонија е лидер во регионот во електронските јавни набавки и аукции.

Придобивките од нивното воведување се големи, почнувајќи од зголемувањето на транспарентноста, конкуренцијата, економичноста и ефикасноста, па до заштедата во средства, време и човечки ресурси. Ова на конференцијата за Твиниг проектот "Поддршка на системот за јавни набавки", што од вчера почна да се спроведува го изјави директорката на Бирото за јавни набавки, Маре Богева Мицовска која нагласи дека Македонија на полето на јавни набавки забележува значаен напредок во последниот Извештај на ЕК за напредокот на земјава.

- Иако нашата регулатива е оценета одлично и е во согласност со добрата меѓународна пракса, сепак во делот на усогласувањето со правната рамка на ЕУ ни престои уште работа - рече Богева Мицовска.

Капацитетите на Бирото за јавни набавки во наредните 16 месеци ќе се подобруваат со европски пари во износ од милион евра. Најдобрите европски практики на полето на јавните набавки ќе му ги пренесува германското Сојузно министерство за економија и технологија. За вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, фокусот ќе биде ставен на засилувањето на системот на правна заштита во постапките за доделување на договорите за јавна набавка...

- Забележителни се придобивките од е-набавките особено во зголемувањето на транспарентноста, конкуренцијата, и ефикасноста во постапките. Годинава гаранцијата на задолжителни е-набавки беше подигната на најмалку 70 отсто од вкупната проценета вредност на сите јавни договори, а од 1 јануари идната година границата се подига на 100 проценти - рече Ставрески.

Вршителот на должност шеф на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Роберт Лидл, порача дека преку зацврстувањето на контролните и надворешните надзорни механизми ќе се избегне фаворизирањето на понудувачите на тендерите без да се даде објаснување.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik